Обама го осуди насилството врз демонстрантите во Иран


Американскиот претседател Барак Обама го осуди прекумерното и неприфатливо насилство против демонстрантите во Иран кои протестираа против исходот од претседателските избори. На заедничката прес конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон, Обама истакна дека имале единствен став во врска со ситуацијата во Иран и оти им оддаваат признание на иранските демонстранти за нивната храброст.