Турција не е задоволна од бавноста на преговорите за членство во ЕУ

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изрази жалење од бавноста на преговорите за зачленување во Европската Унија. Некои земји, како Франција и Германија завзедоа политички став во преговарачкиот процес и ние желиме поради нивните настојувања да го забават процесот, изјави Ердоган на прес конференција во Брисел.