Четворката за Блискиот Исток одржа состанок во Трст


Претставници на четворката за Блискиот Исток, Соединетите Држави, Русија, Европската Унија и Обединетите Нации, на денешниот состанок во Трст, побараа од Израел да ја запрат изградбата на еврејски населби на Западниот Брег. Израел ги одбива ваквите барања со образложение дека мора да се земе предвид природниот прираст на населението.