Г8 со осуда на постизборните насилства во Иран

Групата Осум најразвиени земји во нацрт резолуцијата од нивниот самит во Трст бараат од властите во Иран да ги почитуваат основните човекови права, вклучувајќи го и правото на изразување. Тие го осудуваат официјален Техеран за постизборната криза во земјата. Иран беше поканет да учествува на самитот во Трст, но Техеран ја одби поканата, обвинувајќи го Запад за поттикнување на протестите по претседателските избори.