Почна предизборната кампања во Авганистан

Десетици илјади авганистанци се собраа во Кабул во поддршка на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на првиот митинг за изборите што треба да се одржат во август годинава. Овие избори се сметаат за клучни за Карзаи, но и за Соединетите држави кои се негови главни поддржувачи во неговите напори да се справи со талибанските бунтовници во таа земја.