Во недела во Албанија парламентарни избори

Во недела во Албанија ќе се одржат парламентарни избори, кои, меѓу другото, се сметаат за клучни во врска со определбата за приклучување во Европската Унија. Главни ривали се Демократската Партија на премиерот Сали Бериша и Социјалистичката Партија, на чие чело е градоначалникот на Тирана, Еди Рама. Европската Унија порача дека во Албанија мора да има фер и демократски избори, кои се клучен предуслов за продолжување на процесот на интеграција