Во финалето Бразил- САД

Бразил и Соединетите Американски Држави в недела ќе играат во финалето на Купот на конфедерациите, што се одржува во Јужноафриканската република. Кариоките синоќа, во полуфиналето, со голот на Дани Алвеш, го совладаа домаќинот Јужна Африка со 1:0. САД претходно го победи европскиот шампион Шпанија со 2:0.