Осомничените за убиството на руска новинарка повторно на суд

Рускиот Врховен суд денеска повторно ги покрена обвинениата против тројца осомничени за убиството на руската новинарка Ана Политковскаја, која беше застрелана во влезот на нејзината зграда во 2006 година. Тројцата осомничени, браќата Џабарали и Ибрагим Макмудов и Сергеи Каџикурбанов, се враќаат на обвинителската клупа по остри реакции во јавноста поради нивното ослободување во февруари.