Ахмадинеџат го спореди Обама со Буш

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат го спореди претседателот на САД Барак Обама со неговиот претходник Џорџ Буш. Обама претходно изјави дека е изреволтиран од случувањата во Иран по претседателските избори. „Господинот Обама не требаше да каже такви работи. Моето прашање е зошто падна во замка и се изјасни исто како Буш“ рече Ахмадинеџат во изјавата за иранска новинска агенција Фарс. Во меѓувреме, властите уапсиле седумдесетмина универзитетски професори кои се среќавале со поразениот претседателски кандидат на опозицијата Мир Хусеин Мусави. Најмалку 17 лица загинаа во протестите против резултатите од претседателските избори.