Нови инциденти во Ирак

Две лица загинаа а 26 се ранети во денешен бомбашки напад врз автобуска станица во Багдад во доминантно шиитската област Баја.
Инаку претходно Соединетите Држави соопштија дека планираното повлекување на трупите од ирачките градови на крајот на месецов ке се одвива според планот и покрај бомбашкиот напад во кој вчера беа убиени речиси 70 а ранети над 100 лица во Багдад. Овој напад во Садр Сити е еден од најсмртоносните оваа година.