САД приредија фудбалска сензација

Фудбалерите на САД се првите финалисти на Купот на Конфедерациите што се игра во Јужноафриканската Република, откако синоќа извојуваа сензационална, но заслужена победа врз Шпанија, прворангираната селекција на ФИФА листата со 2:0. Вториот финалист ќе биде познат вечер, по дуелот меѓу Бразил и домаќинот Јужноафриканската Република.