Северна Кореа повторно се закани со напад на САД

Севернокорејските власти денеска повторно се заканија дека ќе ги нападнат Соединетите Американски Држави во случај на провокации. Корејската новинска агенција соопшти дека „ако САД почнат уште една војна, армијата и народот на Кореа ќе ги збришат агресорите еднаш засекогаш“. Севернокорејските власти ги упатуваат заканите додека американските власти следат брод за кој постои сомнение дека пренесува оружје до Мианмар.