ЕУ ја одложи претпристапната конференција со Хрватска

Чешкото претседателство на Европската унија денеска реши да ја откаже претпристапната конференција со Хрватска бидејќи, како што е соопштено, нема поглавие кое би можело да биде отворено или затворено поради словенечката блокада на хрватскиот пристап во Унијата. Претседателството изразува жалење што, и покрај големите напори на Европската комисија, не бил постигнат компромис за граничниот спор меѓу двете страни. Конференцијата требаше да се одржи в петок.