Од идниот месец и Грција со забрана на пушењето

Во Грција од 1 идниот месец стапува во сила Законот за забрана на пушење во затворени јавни места. Пушачите, кои нема да го почитуваат законот ќе плаќаат парична казна до 500 евра, а фирмите кои не се придржуваат кон законските норми ќе треба да платат до илјада евра. Според истражувањата во Европската унија, повеќе од 40 насто од грчкото население пуши, а годишно околу 20 илјади луѓе умираат како последица на болести, поврзани со пушењето.