Сиромашните земји бараат поголема заштита од ООН

Глобалната финансиска криза и нејзините последици врз земјите во развој е тема на тридневниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Се очекува на дебатата да стане збор за потребните реформи на глобалниот финански систем со кои се предвидува и поголема улога на Обединетите нации во бранењето на сиромашните земји со оглед на тоа што тие иако не ги поттикнуваат економските кризи трпат најголеми последици од нив. Ваквиот предлог, според агенциите, не е прифатлив за Западните земји.