Откажана средбата Нетанјаху, Мичел во Париз

Средбата меѓу американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху што утре требаше да се одржи во Париз е откажана, јави денеска израелското радио, наведувајќи дека до ова дошло поради несогласувањата на двете страни околу изградбата на еврејските населби. Вашингтон бара целосен прекин на овие населби на окупираниот Западен Брег.