БиХ нема да го екстрадира Главаш

Судот во Босна и Херцеговина одби да го екстрадира хрватскиот пратеник Бранимир Главаш, кој во Загреб е осуден на 10 години затвор поради воени злосторства врз Србите. Главаш по пресудата пребегна во БиХ, а има и босанско државјанство. Судот одлучи дека кривичниот кодекс на БиХ нема можност за екстрадиција на босански државјани и оти земјата нема таква обврска според меѓународните закони, се наведува во образложението. Поранешниот хрватски генерал Главаш, на 8 мај беше осуден од страна на Жупаниски суд во Загреб на затвор во траење од 10 години, поради убиства на српски цивили во Осиек во 1991-та и 1992-та година. Тој истиот ден пребегна во БиХ.