Пентагон со сајбер команда ќе ја брани својата компјутерска мрежа

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс го одобри основањето на нова воена сајбер команда, од која ќе бидат координирани напорите на Пентагон да ја одбрани својата компјутерска мрежа и да „води војна“ во сајбер просторот. Портпаролот Брајан Витман изјави дека командата ќе биде сместена во близина на Вашингтон и ќе стане оперативна од наредната есен. Во неодамна објавениот извештај на Белата куќа се наведува дека ризиците поврзани со безбедноста на информацискиот простор спаѓаат во најголемите закани за економијата и националната безбедност во 21-от век.