Прогноза за времето- нестабилно

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни проследени со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 21-от степен.