Гибс: Протестите во Иран се „почетоци на промени“

Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс изјави дека протестите во Иран се „почетоци на промени“ во земјата. Во интервју за американската телевизија Ен – Би – Си Гибс рече дека Соединетите Американски Држави не сакаат да се мешаат во случувањата во земјата.