Закажана иноагурацијата на Ахмадинеџат, опозицијата планира протести

Приврзаниците на иранската опозиција најавија нови протести во четврток во знак на почит на загинатите во претходните немири. Поразениот опозициски претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави испрати апел до своите поджрувачи за одржување на мирни протести, без насилство. Властите ги осудија немирите во земјата и отфрлија било какво поништување на изборните резултати од 12 јуни. Иноагурацијата на Махмуд Ахмадинеџат, кој официјално доби втор претседателски мандат, ќе се одржи во периодот од 26 Јули до 19 Август, соопштија државните медиуми.