Медведев во Египет

Рускиот претседател Дмитриј Медведев заминува во посета на Египет, каде што ќе потпише договор за соработка, а ќе зборува и на состанокот на Арапската Лига. На средбата на Медведев со египетскиот претседател Хосни Мубарак, една од главните теми ќе биде израелско – палестинскиот конфликт.