Штрајк на грчките новинари

Грчките новинари започнаа 24- часовен штрајк поради затворањето на водечкиот грчки весник „Елефтерос типос“ и неговата радио станица Сити радио. Како причини за затворање на медиумите се наведуваат финансиски проблеми. Поради штрајкот прекинати се сите емисии на телевизиите и на радио станиците. Елефтерос типос е прв дневен весник кој се затвора од почетокот на финансиската криза во Грција. Синдикатот на новинарите за денеска планира протестен марш до парламентот во Атина.