Прогноза за времето- попладне нестабилно

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно. Попладне ќе биде нестабилно, проследено со повремени врнежи од дожд и со појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од девет до 14, а дневната ќе биде од 21 до 27 степени. Во Скопје слично време, со температура околу 20 степени.