ЕУ заинтересирана за соработка со Белорусија

Европската Унија е заинтересирана за развој на соработката со Белорусија, јавија новинските агенции. Комесарот на ЕУ за надворешни работи Бенита Фереро Валднер денеска се сретна со белорускиот Претседател Алјександар Лукашенка. Валднер изјавила дека „ЕУ има многу да понуди за Белорусија во многу заеднички полиња на интерес“. Лукашенка, пак, изјавил дека Белорусија сака да гради добри односи со Унијата, „без обзир на нечие незадоволство“.Се претпоставува дека изјавата на белорускиот Претседател се однесува на Русија.