Неделава руско - американски преговори во Женева

Соединетите Американски Држави и Русија ќе одржат дводневни преговори неделава во Женева за обновување на спогодбата СТАРТ за намалување на нуклеарниот арсенал на двете земји. Русија соопшти дека е подготвена да го намали својот нуклеарен арсенал доколку САД се откаже од плановите за изградба на антиракетен штит во источна Европа. Постоечката билатерална спогодба престанува да важи во декември годинава.