Ракометарите со победа на крајот

Машката ракометна репрезентација на Македонија синоќа со победа го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство 2010 во Австрија, а шансите за настап на шампионатот беа претходно изгубени. Во салата „Борис Трајковски“ Македонија ја победи Норвешка со 30:29. Победата е извојувана по пресвртот што нашите ракометари го направија во второто полувреме по негативата од пет гола по првите 30 минути, кога гостите водеа со 15:10.