Упапсени роднини на поранешниот ирански претседател

Иранската државна телевизија „Прес ТВ“ јави дека ќерката на поранешниот претседател Фазех Хашеми и уште четири членови на неговото семејство биле уапсени вчеравечер. Другите четири роднини за сега не се идентификувани. Во меѓувреме на социјалните мрежи на интернет се појавуваат нови видео снимки за кои се тврди дека се од денешни протести во земјата. Во текот на вчерашните протести, според извештаи од медиумите, тринаесет лица загинале а повеќе од стотина се повредени. За сега неофицијални болнички извори за медиумите тврдат дека бројот на загинати во вчерашните протести се искачил на деветнаесет лица. Денеска полицијата во Техеран официјално соопшти дека нема да толерира нови протести.