Уапсени двајца тинејџери во Белфаст

Полицијата во Белфаст, Северна Ирска уапси двајца тинејџери за кои постои сомнение дека биле поврзани со минатонеделните напади на романци. Уапсените се на возраст од 15 и 16 години, и треба да се појават на суд во понеделник. Минатата недела 100 романци кои живеат во јужниот дел на Белфаст избегаа од своите домови, откако непознати лица им ги искршиле прозорците со камења.