Полицијата нема да толерира нови протести во Иран

Шефот на иранската полиција го предупреди лидерот на опозицијата Мир Хоусеин Мусави дека полициските сили „одлучно ќе се спротистават“ на секакви немити на улиците на Техеран, поврзани со оспорените претседателски избори кои се одржаа на дванаесетти овој месец. Иранските весници денеска го цитираат писмото на полицискиот началник Исмаил Ахмади адресирано до Мир Хоусеин Мусави во кое се наведува дека „бандитите“ дејствуваат во сенка на илегалната атмосфера која, според него, ја создал поразениот претседателски кандидат. Писмото на шефот на полицијата следи по вчерашните протести кои полицијата ги растури со солзавец.