Мусави: Исламската Република мора да биде прочистена од лаги

Лидерот на иранската опозиција Мир Хусеин Мусави изјави дека Исламската Република мора да биде прочистена од лаги. Интернет изјавата на Мусави следи по вчерашните протести на неговите подржувачи кои полицијата ги растури со солзавец. Врховниот лидер Ајатолах Ал Каменеи предупреди дека опозицијата ќе одговара за сите нелегални протести. Во текот на вчерашниот ден државната телевизија објави дека бомба експлодирала во главниот град на земјата Техеран. Според се уште неофицијални информации, двајца загинале а осуммина се повредени.