Обама го брани новиот план за излез од кризата

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е „подготвен да се бори“ за формирањето на нова агенција која ќе ги штити американските граѓани од ризични заеми и слични неповолни финансиски инструменти. Обама додаде дека опозицијата веќе се мобилизира против неговиот нов план за спас на САД од финансиската криза. Новиот план на американскиот Претседател се опишува како најстрогиот контролен механизам кој се воведува во Америка по големата депресија во 1930 година.