Русија ќе го намалува нуклеарниот арсенал

Рускиот Претседател Димитриј Медведев изјави дека Русија е подготвена за намалување на својот нуклеарен арсенал, согласно одредбите на спогодбата СТАРТ 1 која земјата ја потпиша со Соединетите Американски Држави.Спогодбата беше потпишана во 1991 година а важи до Декември годинава. Американскиот Претседател Барак Обама идниот месец патува во официјална поосета на Москва на разговори за обновување на билатералниот договор.