Ер Франс обезбеди оштета за роднините на загинатите патници

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ ќе им исплати по 17.500 евра оштета на роднините на загинатите од авионот „Ербас А330“ кој на први овој месец се урна во Атлански Океан. Компанијата исто така обезбедила психолошко советување за околу 1800 роднини на загинатите 228 патници и членови на екипажот.