Протестите на опозицијата во Иран не се откажани

Најавените денешни протести во Иран не се откажани, изјави за западните медиуми еден од советниците на опозициониот кандидат Мехди Каруби, кој сакал да остане анонимен. Протестите се закажани за по 13 часот по средноевропско време. Претходно, иранскиот Совет за безбедност уште еднаш го предупреди поразениот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави дека ќе биде одговорен за последиците доколку неговите приврзаници ги продолжат протестите. До предупредувањето дојде ден откако иранскиот врховен верски лидер Хаменеи оцени дека изборите биле фер и побара прекин на протестите.