Претседателите на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора во Валона

Албанскиот претседател Бамир Топи во функција на продлабочување на регионалната соработка ги поканил претседателите на Македонија, на Косово и на Црна Гора, Ѓорге Иванов, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ, на средба во Валона на 23 и 24 јуни пишува албанскиот весник „Шекули“. Топи, Иванов, Сејдиу и Вујановиќ ќе разговараат за билатералните односи, регионалната соработка и перспективите за развој во насока на заедничката евроатланска визија на земјите од Западен Балкан, било наведено во соопштението од Кабинетот на албанскиот претседател Топи на кое се повикува весникот.