Владиниот авион „Република Македонија“ ќе слета во Грција

Грчката опозициска партија ПАСОК ја обвини Владата дека прави преседан со одлуката да одобри шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски да пристигне на Крф на состанокот на ОБСЕ со владиниот авион на кој пишува Република Македонија, пишува денеска весникот „Та неа“. Според ПАСОК, со тоа се поткопува преговарачката позиција на Грција во спорот за името и се испраќа погрешна порака до Скопје во пресрет на продолжувањето на преговорите со посредство на Метју Нимиц. И од двете страни нема официјална најава за можна средба на министрите за надворешни работи Дора Бакојани и Антонио Милошоски на маргините на состанокот на ОБСЕ на Крф на 27 и 28 јуни.