Експлозија во Билбао

Властите во Шпанија соопштија дека автомобил експлодирал на паркинг во Билбао во Баскија. Според непотврдени извештаји во авомобилот имало едно човечко тело. Засега никој не ја превзеде одговорноста за инцидентот во регионот каде што е активна сепаратистичката група ЕТА.