Европските млекари со блокади бараат повисока цена на млекото

Европските млекопроизводители со стотици трактори вчера протестираа во Брисел поради падот на цената на млекото, додека се одржуваше самитот на лидерите на ЕУ. На протестот имало 2.000 луѓе од Германија, Франција, Белгија, Холандија и Швајцарија. Бриселските улици биле запоседнати со 700 до 1.000 трактори што создало големи застои во сообраќајот на авопатиштата околу белгиската престолнина. Млекопроизводителите кои се погодени од економската криза, веќе подолго време бараат зголемување на цената на млекото.