Белорусија во потрага по нови пазари за извоз

Претседателот на Белорусија денеска е во официјална посета на Тукменистан, што е негова прва дестинација во потрагата по нови пазари за извоз на белоруски производи. Претседателот Алјиксандр Лукашенка изјави дека со извоз на земјоделски производи во Тукменистан, Белорусија ќе може подобро да се справи со негативните ефекти од светската економска криза. Инаку Русија неодамна го забрани увозот на белоруски млечни производи, официјално поради неусогласеност на увозно – извозните процедури на двете земји.