Загина локалниот лидер на албанската Демохристијанска партија

Локалниот лидер на албанската Демохристијанска партија за Голема Малесија, Алекс Кека загина при експлозија на неговото возило додека се движел на патниот правец Коплик-Скадар. Според полициски извори, возилото-џип „Ровер“ прво екплодирало, а потоа излетало од патот и се запалило. Телото на Кека е пронајдено надвор од возилото. Лидерот на демохристијаните Нард Ндока смета дека ова е „чист политички атентат“ и „терористички напад врз партијата“.Според дел од медиумите, станува збор за режирано убиство преку телекомандувани мини. Ова е второ убиство од почетокот на изборната кампања во Албанија. Минатата недела беше убиен член на владејачката Демократска партија.