Двајца повредени на протести во Сараево

Еден полицаец и еден воен инвалид се полесно повредени денеска во Сараево. Инцидентот се случи кога воени инвалиди и нивни роднини се обидоа да упаднат во зградата на Владата на Босна и Херцеговина. Повеќе од 5.000 членови на организацијата на воени инвалиди протестираат пред зградата на Владата, изразувајки незадоволство од предлог законот кој предвидува намалување на приходите на сите буџетски корисници, вклучувајки ги и војниците и воените инвалиди.