Разлики меѓу САД и Израел околу еврејските населби

Израел и Соединетите држави ги продолжуваат несогласувањата околу американските барања за запирање на изградбата на еврејски населби на палестинска територија. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон повтори дека овој чекор е суштински дел во намерата да се дојде до блискоисточен мировен договор. Шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман пак оценува дека ширењето на еврејските населби било поради природниот прираст во Израел.