Јеремиќ: Србија никогаш нема да го признае Косово

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ го повтори противењето на Србија на независноста на Косово. Во обраќањето во Советот за безбедност на Обединетите нации тој изјави дека Белград никогаш нема да го признае Косово и побара спроведување на мерките за забрзување на враќањето на раселните срби. Според него, од околу 200 илјади срби само петстотини во минатата година се вратиле на Косово. Советот за безбедност расправаше за редовниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун за мисијата на УНМИК, кој, според оценките, и покрај реорганизацијата, продолжува да игра исклучителна улога на Косово.