Хилари Клинтон го скршила лактот

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го скршила левиот лакт кога паднала на патот кон Белата Куќа, соопшти шефот на нејзиниот кабинет Шерил Милс. Клинтон била пренесена во болница, и по првата интервенција била пуштена дома. Во наредните денови, како што е најавено, ќе и биде извршена операција на лактот.