Иран- САД да не се мешаат во внатрешните работи

Иран побара Америка да не се меша во внатрешните работи на земјата. Властите во Техеран им упатија протестна нота на САД и тоа преку амбасадата во Швајцарија, јавува иранската државна телевизија. Претходно, американскиот претседател Барак Обама изрази „длабока загриженост“ поради случувањата во Иран, како последица на спорните претседателски избори. Но тој укажа на тоа дека тие нема да се мешаат во внатрешните работи на Иран и ќе остават Иранците сами да одлучат за себе.