Милион вакцини против „новиот грип“ подарок за СЗО

Француската фармацевтска куќа Санофи-Авентис има намера да подари 1 милион дози од вакцината против новиот грип на Светската здравствена организација (СЗО). Организацијата овие вакцини треба да ги употреби во сиромашните земји, рекол директорот на компанијата. Тој истакнал дека доколку има доволно вакцини, дел од нив ќе се продаваат со попуст за земјите во развој. Компанијата планира вакцините да ги подари во текот на наредните години.