Северна Кореја повторно се заканува


Северна Кореја денеска се закани дека ќе одговори илјада пати посилно на евентуален напад од Соединетите Држави или нивните сојузници. Предупредувањето го пренесоа северно-корејските државни медиуми само неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама изјави дека Северна Кореја е сериозна закана за светот и се заложи за заострување на санкциите. Инаку, медиумите во Јужна Кореја јавија дека Пјонг Јанг се подготвува за ново тестирање на проектили од долг дострел.