Расте бројот на земји што не работат против трговијата со луѓе

САД во вчера објавениот извештај го проширија списокот на земји кои не работат доволно во борбата против трговијата со луѓе, на преку 50 држави, кои поради тоа можат да се соочат со санкции. Во годишниот извештај на Стејт Департментот, прв по доаѓањето на власт на претседателот Барак Обама, 52 земји, главно од Африка, Азија и од Блискиот исток, се ставени на списокот на држави за следење, што е значително зголемување во однос на 40 земји, колку што беа во минатата година.