Експлозија на бомба во Ирак

Воените сили на САД соопштија дека американски војник е убиен во експлозија на бомба поставена покрај пат во Ирак. Експлозијата настанала во близина на градот Саманавах на 370 километри од Багдад. Од почетокот на војната во Ирак загинаа 4,314 американски војници.